Ѓорѓи Калајџиев, Даниела Андоновска Трајковска, Марина Мијаковска, Филип Димкоски, Игор Крајчев, Мирјана Стојановска, Тони Павлески и Соња Серафимовска од Македонија имаа свои поетски настапи меѓу четириесетина поети на второто по ред on line поетско читање насловено „Меѓународен поетско-музички прозорец кон светот“.
Станува збор за иницијатива на поетот Валерио Орлиќ и Хрватското книжевно друштво од Риека, Република Хрватска. Идејата е секоја сабота да се прават вакви поетско-музички вечери кои се реалзирааат преку апликацијата Zoom а поетското читање е директно достапно преку Youtube.
Целта е, како што вели организаторот, Валерио Орлиќ, да се зајакне духот преку поетска мисла во овие невообичаени услови на живот и да се одржи дружбата меѓу поетите кои инаку во текот на целата година се сретнуваа на различни поетски фестивали во регионот и во светот.
На првото вакво дружење се учество зедоа триесетина поети и музичари а на второто веќе околу четириесетина од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Италија, Германија и Холандија.
Веќе се подготвуваат списоците за следното поетско дружење во саботата пред Велигден, а во меѓувреме можете да го погледнете поетско-музичкото дружење од минатата сабота.