Македонската претстава, дуодрамата „Кенди“, во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот Реатар Златен Елец од Скопје, утревечер (10 август 2024 година) ќе учествува во официјалната конкуренција на Меѓународниот џез- театарски фестивал „Нишвил“ (Nishville Jazz Theatre Festival), во Ниш.
Во претставата „Кенди“ играат актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, музиката е на Лука Тошев, а адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска. Трае 105 минути.
***
Претставата премиера имаше во 2022 година е наградувана, на фестивалот „Бранко Ѓорчев“ и Фестивалот „Млад отворен театар“ во 2023.
„Кенди“ е дуодрама која зборува за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност, според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction) и авторски текстови и материјали од ХОПС- Опции за здрав живот Скопје. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на една двојка чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите. Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.
Инаку, меѓународниот џез-театарски фестивал „Нишвил“ (Nishville Jazz Theatre Festival) кој е во рамките на големиот „Нишвил“ џез- фестивал (Nishville Jazz festival) со триесетгодишно постоење, е започнат од 2017 година.
Во главната програма на Нишвил вклучени се осум претстави од Србија, Италија, Америка, Холандија и Црна Гора, а изведбите се на отворени сцени на неколку локации низ градот Ниш.
БОБАН АЛЕКСОСКИ е вработен актер во Канал 5 телевизија инаку е ко- основач на Театар Златен Елец со актерката Надица Петрова, кој постои од 2020 година во Скопје.Како актер и продуцент е дел од активните претстави на Театар Златен Елец: “Дневникот на лудиот” во режија на Ѓорѓи Ризески, “Кенди”, “Грета”, “Пингвинот”, “Добри луѓе”, сите во режија на Тамара Стојаноска.
Претставата “Кенди” во 2023 освои две главни награди на фестивали во Македонија- “Бранко Ѓорчев” во Неготино и “Биш” на МОТ Скопје, исто така Алексоски е неколку пати наградуван за монодрамата “Дневникот на лудиот”.
На институционалната сцена во театар моментално игра во Велешки театар во претставата “Едвард Втори” во режија на Андриј Жолдак.
Дипломира во 2014 година на факултетот за театарски уметности при Еуропа Прима“ Скопје, во 2014 година во класата на Доц.М-р Роберт Вељановски.
ЛЕО ПОПОВИЌ е актер и музичар, дипломира во 2017 година на ФДУ во класата на проф. д-р Сузана Киранџиска.
Во независниот Театар Златен Елец моментално игра во наградуваната “Кенди” и монодрамата “Пингвинот”, и двете во режија на Тамара Стојаноска.
Освен претставите, наскоро ќе има премиера на филмовите “Убиј ги прво децата” во режија на Димитар Оровчанец и дебитантскиот игран филм на Андреј Волкашин со работен наслов “Слатката горчина на зрелите калинки”.
ТАМАРА СТОЈАНОСКА (театарски режисер) е родена на 12.02.1997 година во
Прилеп, Република Северна Македонија. Своето средно образование го завршува во Државното музичко училиште во Битола, отсек музичка теорија и облигат класична гитара. Од 2015 година запишува два смерови на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје: Музикологија и Сонологија во класа на проф. Д-р Димитрије Бужаровски и проф. Д-р Трена Јорданоска.
Од 2018 година запишува втор факултет на Универзитетот „Еуропа Прима“ Скопје, смер
театарска режија во класа на проф. Дејан Пројковски. Како професионален режисер
досега има режирано пет претстави и еден концерт. Во 2022 година ги режира
претставите „Грета“ според Јохан Волфганг Гете и Луц Хибнер, „Разнесени“, автор Сара Кејн, и „Кенди“ според романот на Лук Дејвис, авторски материјали и документарни материјали од ХОПС- Опции за здрав живот Скопје.
Во 2023 година работи монодрама со наслов „Пингвинот“ (авторски проект), режира концерт за деца „Зоолошката градина наречена земја“ во соработка со Филхармонија и дуодрамата
„Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан. Има освоено четири награди на интернационални театарски фестивали (МОТ 2023, Арт Трема Фест во Србија, Рума, Интернационален фестивал „Бранко Ѓорчев“ во Неготино) со претставите „Војцек“, „Грета“ и „Кенди“ како и наградата “Биш” за најдобра домашна продукција на фестивалот МОТ 2023.
Има учествувано на студенската работилница Младинско Шоукејс во Словенско Младинско Гледалиште, Љубљана под водство на драматургот Горан Сергеј Присташ од Хрватска.
Во 2023 претставата „Разнесени“ е поканета за свеченото отворање на осумнаесеттото издание на интернационалниот студентски фестивал „Фист“ на Факултетот за драмски уметности во Белград, Република Србија. Како асистент на режија и техничко лице има искуство со настани, модна ревија и претстави во државни и независни театри во Република Северна Македонија и тоа: „Хеда Габлер“, Театар Куманово, „Дневникот на лудиот 1“, „Дневникот на лудиот 2 Човекојадство“, Дневникот на лудиот 3 „Куќа на духови“, „Не ми го чепкај пивото“, „Чувари на планетата“ независни проекти на Театар Златен
Елец.
ЛУКА ТОШЕВ е музичар и композитор кој последниве години е активен со театарска музика за претстави во театар.
Посебно е забележана неговата соработка со режисерката Тамара Стојаноска. Во Театар Златен Елец работеше музика за претставите: “Грета”, “Разнесени” и “Кенди”.