На 19 октомври со почеток во 19 часот во домот на културата “Димитар Влахов” во населба Автокоманда Здружението Хуманитарно Културен Феникс организира промоцијата на збирката поезија “Безвременски волшебник” на поетесата Јелена Илова во издание на здружението Феникс.
Рецензија на М-р Билјана Челик за книгата:
Јелена Илова е млада жена но зрела писателка која во своето првенче кое го издава во Македонија, збирката поезија “Безвременски волшебник ” преку своите стихови како маестрална волшебничка ве води низ просторот и времето на безвременското.
Со неа како најдобар капетан на бродот наречен живот преку нејзините стихови пловите по љубовниот океан, кој некогаш е со бури, некогаш е мирен, некогаш ви влева радост, некогаш страв, тага, немир но и трепет во душата и огин во срцето.
Секој стих ви буди длабоки емоции, предизвикува по некоја солза, некоја таговна некоја радосница но секогаш со надеж.
Љубовта е основен мотив во нејзината книга опишувајќи ни ја низ сите нејзини бои.
Поетесата пишува во најстариот род во уметничката литература- лирика, поточно љубовна лирика при што преку стихови изразува љубовни чувства, мисли и расположенија.
Таа со секој прочитан стих успева да ви ги пренесе нејзините и да ги предизвика вашите чувства, мисли и расположенија.
Нејзината љубовна поезија е како музичка хармонија за заљубувањето, на среќата што тоа ја носи љубовта или на тагата предизвикана од неа.
Илова пишува со една посебна префинетост за тоа што е есенцијално и основно во човечката природа – љубовта при тоа не излегува од својата природа, од своите лични идеи и емоции но на свој посебен начин ви ги става на дланка нејзините емоции.
На крај доаѓате до заклучок дека безусловната, безрезевната, искрена и чиста љубов е најголемата сила која ги крши сите синџири и пребродува сите препреки и искушенија.
Љубовта има почеток но таа е бескрајна и бесмртна.