Поезија: “Моето срце”

Моето срце

Големо е.
може да собере
и бол
и надеж ,
и љубов
и солза.
И водата од изворите,
и планините
со врвовите,
и улиците со калта
и асфалтот
и реките валкани
и езерата.

Моето срце е големо
и има место
и за луѓето ,
и во него
најповеќе има луѓе
и злобни и добри,
и среќни и несреќни.

Имам срце големо.
И тоа е мое,
отворено е за сите
добронамерници.
Големо е, големо…

 

Сотир Чаушевски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.