На 16 октомври 2022 во Музеј (Домот на АРМ) во Тетово беа промовирани три книги од авторката Силвана Крстовска,на јавноста позната како фолк пејачка. Две поезија, а една е проза.
Првата книга е детска стихозбирка која излегува истовремено во печат и со превод од македонски на албански јазик и носи наслов, “Кој тоа живее во нашите шуми, Ти детенце сега думи” и е наменета за деца од претшколска и рана школска возраст. Составена е од 30-ет поучни песнички за животинскиот свет во нашите шуми.
Втората книга носи наслов “Мириса на детство” и таа е прозно дело односно збирка од избрани раскази со 160 страници. Таа се сврстува во детската проза и за разлика од првата стихозбирка, ова е наменета за повозрасни деца односно за деца од 11. годишна возраст па сè до 14. годишна возраст. Во неа се опишани многу случки, палавштини и досетки на главната хероина од збирката. Но, со сигурност не може ова дело да го ограничиме само во детска проза затоа што мирисот на детството провејува низ целиот животен век на една личност, така што без нималку сомнеж оваа книга ја препорачуваме и на возрасната читателска публика, без никакви ограничувања и без грижа на совест.
Третата книга “Љубов, надеж, вера” всушност е најсложената композиција во поезијата. Таа претставува еден сонетен венец во кој авторката ја опејува чистата и искрена љубов кон својот сакан Игор и низ стиховите од венецот го доловува целиот живот на главните јунаци притоа вешто вметнувајќи ,,приказна во приказна”(има неколку) разбивајќи ја монотоноста на истиот, и со самото тоа дава друга димензија, повозвишена, на нејзиниот венец.
Промоторки беа м-р Елеонора Николовска и м-р Десанка Николова. Музичка точка: Филип Поткоњак

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.