Од 8 до 14 мај во ВИП Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 31. издание на Саемот на книгата. На Саемот на книгата освен македонски издавачки куќи ќе учестуваат и од регионот, Унгарија, Србија, Косово и Албанија.
Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија организира национално претставување на унгарската литература, при што Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019.
Планирани се голем број на промоции, средби со автори, а љубителите на книгата можат да очекуваат големи саемски попусти. Организаторите очекуваат дека овогодинешниот Саем на книгата, со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.