На 22 август во 19.00 часот во Таверна клуб во
Прилеп се организира поетско читање на поетеса и поет, или како што самите порачуваат:
“Дојдете, по четврт пат да се љубиме со стихови”.
Имено, ќе слушнеме авторска поезија на Лина Димоска и Филип Димкоски, и секако, поезија од македонските бардови и од современите македонски поетеси и поети.
-Поезијата е поблиска до вистината отколку историјата- вели Платон. А родољубивата поезија веројатно крие најмногу вистини за битот на еден народ. Дојдете да македонствуваме преку стихот!, едногласни се овие познати млади создавачи на македонската поетска реч.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.