На годишното собрание на Здружението на просветни работници-литературни творци на Македонија, денеска, 29 ноември и беше врачена диплома за животно дело, за нејзиниот културно придонес на м-р Лилјана Стоилковска, македонска радио римадона, позната спикерка, водителка, писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, интерпретаторка на македонски песни.
Добитничка е и на Орден за заслуги за Македонија, повелба доделена од поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на наградата “Иселеничката грамота од Матицата на иселениците на Македонија”, потоа наградата “Стојан Христов” од Агенцијата за иселеништво и други.
ов средба од Здружението на просветните работници- литературни творци на Македонија при Домот за просветни работници беше доделена Диплома за Животно дело за м-р Лилјана Стоилковска,за остварен и осведочен влог во развојот на културниот живот во Македонија.
Под претседателство на претседателката на здрението Г-ѓа Благојка Филипчева и членови од управниот одбор на свечен начин им беа доделени дипломите на добитниците, за оваа 2022 година. Оста ваква награда на Никодин Чернодримски. А постхумно награда за животно дело за поетесата Виолета Сековска. Беа доделени и благодарници на заслужни членови и соработници на Здружението,чиј претседател е Благојка Филипчева.
Лилјана Стоилковска со уште едно признание за Животно дело
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.