Во сабота, во Домот на културата во Тетово, Шкодран Толај и Дарко Мариновски на заеднички концерт, ќе изведуваат познати оперети.
Културната понуда за ова лето во рамки на Тетовско културно лето, на 20 јули (сабота) ќе ја збогати и концертот на Шкодран Толај и Дарко Мариновски, во Центарот за култура во Тетово. Младиот сопран Толај, придружен од Мариновски, на пијано ќе изведе делови од познати оперети.
Концертот почнува во 20 часот а влезот за сите љубители на оперската уметност е бесплатен.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.