На 26 февруари со почеток во 20.30 часот во Националната опера и балет ќе се одржи Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците, под покровителство на Владата на Р. Северна Македонија.
Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Сандра Митровска, сопран, Марика Поповиќ, мецосопран, Јаворка Витанова, солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.
Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Настанот ќе биде збогатен со видео и аудио содржина за која се употребени материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „ Верувам во Македонија“, како и фото и видео материјали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.
Влезот за настанот е слободен, јавноста, билетите ќе може да ги подигне најдоцна до 26.2.2024 до 17.00 часот на билетарницата на Националната опера и балет.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.