Во понеделник 04.03.2024 година во НУ Македонски народен театар ќе биде премиерно прикажана комедијата ,,Премиерот” од авторот: Огнен Неделковски, а во режија на Сашо Ристовски.
Во комедијата ,,Премиерот” играат познатите актери: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младите актери: Бранко Атанасов и Ема Давчева.
Оваа комедија третира актуелни состојби од општеството, односно станува збор за коментар да денешните случувања на локално и глобално ниво.
Низ призмата на театарскиот јазик со многу комични ситуации публиката ќе може да види што се случува во кабинетот на премиерот. Како е да си премиер? Како е соочувањето на кандидатите за премиер? Како се станува премиер? Кој се може да биде премиер? Како е да ја добиеш или изгубиш премирската столица? Дали еден естраден уметник може да стане премиер и да ја води владата? Сите овие прашања и уште многу други низ призмата на комедијата ќе бидат одговорени во оваа урнебесна комедија.
Оваа комедија е во продукција на Театар ХИТ Скопје.