Кинотека на Македонија врши бесплатна онлајн обука за креирање видеосодржини за едукативни цели

9
17.09.2024

НУ Кинотека на Р. С Македонија во соработка партнерите кои се дел од проектот „… и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ програмата изработија веб-платформа насловена  Andactionproject.eu  која е достапна е за сите граѓани. Оваа платформа нуди обука за креирање видеосодржини за наставни цели.

Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е достапна на следниов линк: https://andactionproject.eu/mk/

Како завршна фаза и продукт од овој проект, веб-платформата за проектот „ …и Акција!“ веќе може да се користи на англиски и македонски јазик, а за многу кратко време ќе биде целосно подготвена на сите шест јазични верзии- македонски, англиски, шпански, словенски, српски и бугарски јазик.

На платформата е достапна и методологијата на овој проект, а во неа се содржи целосното истражување кое се направи во рамките на проектот, а чија цел беше да се истражи потребата од креирање видеосодржини за едукативни цели. Методологијата  на македонски јазик може да се преземе на следниот линк  https://andactionproject.eu/mk/metodologija-mk/

НУ Кинотека на Република С. Македонија подржана од Европска Унија, во рамките на ЕРАСМУС + програмата, е носител на овој проект наречен … и Акција!

Партнери во проектот се: EDC EKSEDRA, Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг Мој Град (Србија), Asociación Extremundo (Шпанија) и Zdruzenie tradicii obrazovanie historija I kultura (Бугарија).

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.