Кинотека почнува со филмски училници

Од 21 септември 2024 година во Кинотеката на РС Македонија ќе започне нов циклус на филмски училници наменет за љубопитните основци коишто сакаат да научат што е тоа филм, како се прави филм, и најпосле- самите да направат филм.

Филмските училници ќе се одржуваат во текот на десетина работни саботи, од крајот на септември до почетокот на декември, во видеотеката и киносалата на Кинотеката. Координатор на целата програма е режисерот Саша Станишиќ, искусен едукатор и филмски професионалец, а на тематски посветените часови гости-предавачи ќе бидат и монтажери, кинематографери, сценаристи, продуценти и филмски професионалци кои ќе ги воведат учениците во тајните на создавањето игран филм.

Овие едукативни сесии, под наслов FILMAY 2024, Кинотеката ги реализира во рамки на поширокиот меѓународен проект FilmED (film education), финансиран од од Европската Унија преку програмата МЕДИА. Покрај Кинотеката, заедно со Гете- институт Скопје, како учесници од Македонија, партнерите во проектот доаѓаат од Полска (Centrum Kultury Filmovej im Andrzeja Wajdy), Унгарија

(Nemzeti Filmintézet Közhasznú Nonprofit Zrt.), Чешка (Kruton) и Словачка (Kino Usmev), а координатор на проектот е Гете Институтот од Прага.

Целта на FilmED е да го промовира европскиот филм и европското филмско наследство за новата и млада публика, да создаде можности за интеракција и разбирање на филмската уметност. Таа цел е фокусирана на три таргет групи- 1. на малите и средни организации и институции кои имаат аудиовизуелна експертиза и треба развијат и понудат сопствена обука за едукатори и наставници кои се дел од образовниот систем (како државни и невладини организации, архиви, музеи, образовни тела); 2. на едукаторите од разлчини образовни контексти (како училишни наставници, воспитувачи

во градинка, социјални работници, младински работници) кои ќе имаат корист од достапна и практична обука за тоа како да се користи филмското образование на час; и најпосле, 3. на младите

кои ќе стекнат поголема филмска писменост и подобро разбирање за европскиот филм (во градинка, основно и средно образование, вклучувајќи и неформално образование).

Кинотеката на РС Македонија изминативе години има организирано филмски работилници, и давала логистичка поддршка на едукативни работилници за филм (организирани од надворешни

соработници), но исто така и учествувала во меѓунарони проекти од Erasmus + програмата кои подразбирале изработка на едукативни модули кои се достапни он-лајн за обука на оние коишто сакаат да архивираат филмови и да го вклучат филмот во образовниот процес. Овој пат, во рамки на FilmED, искуството од филмската училница ќе го преточи во серија снимени туторијали кои преку веб- страницата на Кинотеката ќе бидат достапни за сите наставници кои сакаат да стекнат повеќе

знаење за филмот и истото да го вклучат и пренесат, преку актуелните образовните програми, на учениците со кои работат.

Филмската училница започнува на 21 септември, сабота, а сите заинтересирани можат Филмската училница започнува на 21 септември, сабота, а сите заинтересирани можат да се пријават и информираат на тел. +389 78 398 085 или на и-мејл [email protected]

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.