КИЦ Битола и КИЦ Подгорица потпишаа меморандум за соработка

18.11.2022
Попладнево во Свечената сала на Офицерски дом во Битола свечено беше потпишан меморандум за културна соработка меѓу Културно и информативен центар- Битола, Македонија и Културно информативниот центар во Подгорица, Црна Гора.
Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот беше потпишан од директорките на актуелните институции г– ѓа Лили Бошевска и г-ѓа Снежана Бурзан. На средбата присуствуваа Н.Е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора, г –дин Милорад Андријашевиќ, како и претседателката на Советот на општината Битола г-ѓа Габриела Илиевска и заменик градоначалник г-дин Бојан Бојкоски.
Со овој свечен чин Културно информативниот центар – Битола ги продолжува активностите на полето на меѓународната соработка што е од исклучителна важност за идните културни релации со земјите од регионот и светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.