Во КИЦ Битола презентиран проектот “Time stands still”

1.10.2024

Зачувувањето на делото на Браќата Манаки како културно-историското наследство, преку дигитализација со најсовремени методи и алатки, негова достапност за едукативни, научни и туристички цели и десеминација надвор од границите на Македонија како дел од светското културно наследство е кратко резиме на успешната реализација на проектот “Time stands still” (preserving the Manaki legacy), кој синоќа беше презентиран во Свечената сала на Офицерскиот дом. Тимот на Државниот архив – Одделение Битола, со поддршка на централата на Државниот архив во Скопје. како и поддршката на @britishlibrary London и Фондацијата @arcadiafoundation и ЈОУ Културен и информативен центар Битола, стои зад реализација на овој грандиозен проект од национално значење. Изложба со фотографии на браќата Манаки е изложена во алтернативниот галериски простор на Офицерскиот дом- КИЦ Битола и достапна за посетителите.


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.