Со монодрамата “Кармен” од Билјана Драгиќевиќ Пројковска, а во режија на Дејан Пројковски, изведена на 15 јули 2022, се отвори Вевчанското лето.
Манифестацијата ја отвори Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кој истакна: „Навистина ми е драго што ова лето успеавме, благодарение на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои во летниот период доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста.
Општина Вевчани издвои средства за нешто што навистина заслужува и е важно за една населба како Вевчани. Им благодарам на сите вевчански уметници, културни дејци кои што целосно ја прифатија поканата да соработуваат и одговорија да бидат дел од оваа богата содржина.“
Манифестацијата Вевчанско лето продолжува на 20 јули (Среда) со отворење на ДЕТСКАТА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА од учесниците на летната ликовна школа на колонијата „ Вевчански видувања “ во 20 : 00 часот , во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ – Вевчани