„Кафе и кромид” дружба во „Котур” со проекција на документарнот филм „Бубачки”

Петтата „Кафе и кромид” дружба во „Котур” во организација на „Македонкс“, ќе биде со проекција на документарнот филм „Бубачки”, снимен по сценарио и режија на данскиот документарист Андреас Јонсен. Проекцијата ќе се одржи на 5 февруари, со почеток во 20.30 часот, во „Котур”.

Сценариото на филмот „Бубачки” (Bugs – 2016, 75′, Данска) зафаќа интересна и мошне актуелна тема. Иако научниците и земјоделскиот сектор сè почесто тврдат дека јадливите инсекти се иднината на одржливата храна, јадењето бубачки не е многу популарно меѓу обичните сладокусци. Бен и Џош, двајца врвни мајстори од експерименталната Лабораторија за нордиска храна на Рене Реџепи во Данска, три години патуваат низ светот за да слушнат што мислат оние две милијарди луѓе кои веќе одамна јадат инсекти. А камерата на Андреас Јонсен ги следи во чекор додека бараат, одгледуваат, готват и вкусуваат инсекти со локалците од шест континенти за да открие дали инсектите навистина би можеле да ја спасат планетата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.