“Кабаре Кабает”, стенд- ап комедија вечерва во Гевгелија

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во новата година ја започнува својата програма за работа со организирано гостување на кумановските актери и stand up комичари Чедо, Маре и Миро, кои пред гевгеличани ќе се претстават со stand up настап, насловен „Кабаре Кабает“.
На 11 јануари, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија,19 часот, љубителите на комедијата ќе имаат можност да го проследат настапот на Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски со најдобрите парчиња од нивните досегашни настапи, кои со сигурност ветуваат насмевки.
„Гевгеличани, бидете дел од незаборавно stand up шоу“- порачуваат комичарите. Влезниците чинат 150 денари, а ќе бидат пуштени во претпродажба од 9 јануари (понеделник). Истите ќе можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08 до 16 часот и на самиот ден пред почетокот на културниот настан.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.