Јубилејна 100-та изведба на „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП”, во недела на 9 февруари 2020, на сцената на Театар за деца и младинци.
Претставата чија премиерна изведба се случи на 23 март 2013 година, е вистински хит цели седум години кај детската публика. „Пипи долгиот чорап” е работена според истоимената детска книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование. Одличната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски – Попова ја претвори во незаборавна претстава. Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општо прифатени норми и правила.
Интересот за нашата Пипи, одиграна од актерка Соња Стамболџиоска, досега е незапаметен. Претставата изобилува со исклучително одиграни карактери кои изобилуваат со хумор и ведрина, во изведба на актерите : Соња Стамболџиоска, Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ – Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев,Владимир Лазовски/ Горан Ников и Мики Анчевски.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.