ЅВЕЗДЕНА НОЌ: Jazz & book stage- Балканска поезија во рамките на славниот Нишвил

122

Jazz book stage, секогаш ќе асоцира на една извонредна поетска ноќ, која се случи во рамките на славниот музички фестивал Нишвил во Ниш, на 17 август 2024 година.

Над триесеттина поетеси од шест држави од Балканот, почнувајќи од романтичното зајдисонце па сѐ до ноќта ги рецитираат своите поеми, на српски, босански, црногорски, хрватски, грчки, италијански, бугарски јазик … од Скопје настапи Валентина Ѓоргиевска Парго.

Помеѓу трите блока со поезија од прекрасни и надалеку докажани женски пера, се слушна и музика од луцидните “Грбаве Танге” од Белград, а уметничката ноќ беше надополнета со изложба на познатиот бугарски академски сликар Динко Ненов.

 

“Слушаме, гледаме и читаме”, гласи паролата на организаторот Зоран Бајиќ Бајо, поранешен новинар од Нови Сад, кој одлично плови во организаторски менаџерските води, а оваа поетска ноќ освен што ја организираше и ја водеше лежерно, спонтано и на боемски начин. Во познат “ала војводински стил”.

Во оваа прилика тој се заблагодари на Иван Благојевиќ, директорот на Нишвил, кој покрај сите обврски и над 1.000 учесници најде време да ја посети и jazz & book сцената.

Нишвил годинава го имаше јубилејното 30 издание, почна на 9 август со театарски претстави, изложби, кино проекции, концерти…

…а главното се случуваше со џез концерти од 15 до 18 на познатата тврдина, а супер  концерт имаше и мегапопуларната уметница Констракта.

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.