„Вардар Филм“ -Скопје започнува со реализација на вториот проект “ Тајните филмски архиви на градот“ со подршка на Град Скопје. Проектот се состои од прибирање на 8 милиметарски ленти преку јавен повик до граѓаните кои во своите домови сеуште чуваат вакви материјали. На овој начин, ќе ги зачуваат своите спомени и ќе бидат дел од втората приказна на „Тајните архиви“.
Од Вардар филм напоменуваат дека филмската лента има свој “век“ на траење и единствен начин да се зачуваат материјалите би биле преку дигитализација на истите. По процесот на дигитализација, се преминува кон монтажа на краток документарец за Скопје. Целта е да се соберат материјали на кои може да се видат и на јавноста да с епрезентират делови од нашиот град како: Стара Чаршија, Кале, Кермес, Дебар Маало итн.
Граѓаните кои имаат 8мм ленти, можат да ги донесат своите материјали во „ Вардар Филм“ Скопје или да го исконтактираат лицето одговорно за овој проект Катерина Габунија.