“Затоа што се плашев да не се здебелам”- книга на д-р Јадранка Бибан

Наскоро излегува книгата „Кој ти рече дека не можеш!?“ од Д-р Јадранка Бибан и дипломиран Психолог Калин Бибан која е достапна за нарачки во претпечатење.

***

Цел живот сум позната како малото слабичко човече. Син ми често се шегува дека сум била „џебна мајка“ и можел лесно да ме пренесе каде сака. Но, вистината е малку поинаква. Ретко кој знае за тајната за мојот „имиџ“ и до какви само проблеми ме донесе таа.

Работите стоеја вака:

Вистината е дека мојата генетика (наследена од женската страна на мојата фамилија) е и тоа како е склона кон дебелеење. Како по правило, први на мета се нашите нозе и колкови, а потоа следи сѐ останато.

И верувајте, тоа што сме природно ниски воопшто не помага.

Таквата генетика го разбуди кај мене стравот од дебелина уште во моите рани и ранливи тинејџерски години. Уште како млада девојка, јас постојано проверував колку ми се затегнати пантолоните околу бутовите вртејќи се пред огледалото и погледнувајќи се од сите агли.

Зацртав! Морам да ја „победам мојата лоша генетика“! По секоја цена!

Е токму тоа плаќање на таа цена стана мој животен стил. Стил кој се викаше „екстремно гладување“ и кој траеше од моите средношколски денови, па сѐ до почетоците на мојата лекарска пракса.

Додека бев средношколка морав да го мерам секој залак. Од друга страна пак, морав да јадам, бидејќи бев под будното око на моите родители, според чии правила, чинијата мора да се испразни!!

На факултет беше малку полесно. Испитите и строгите професори вешто го заменија мојот апетит со стрес, па јадењето беше последно нешто што го имав на ум.

Кога конечно почнав да работам, беше најлесно! Ем немаше испити, ем можев да си гладувам колку сакам – никој не ме гледаше преку маса, никој не ми ја контролираше чинијата. Така, мојот единствен оброк беше околу 5 часот попладне, кога ќе си дојдев дома од работа.

Уф, како само го чекав тој оброк…! Ама знаете што? И кога ќе го дочекав, повторно имав едно правило! Лебот повторно беше забранет! Или… можеби само една мала кришка, без да ја забележи внатрешната ЈАС… Оти нели, сите „врескаат“ дека лебот дебелее!?

Е добро сега, некои денови знаев и да се прејадам кога бев многу гладна и преморена од работа- прегледував десетици пациентки секој ден. Тоа прејадување ме доведе до големи проблеми со мојот стомак. Кога подуваност, кога запек, кога пролив… Но јас знаев дека тоа е цената која мора да се плати кога го направив оној договор со тинејџерката во огледалото години наназад.

И знаете ли што сфатив во мојата ординација? Сфатив дека јас воопшто не сум била едниствена! Имало многу тинејџерки, а богами и многу огледала!

Моите помлади пациентки, разбирливо, сакаа убаво да изгледаат. И постарите исто така, само што тие исто така беа оптоварени со менаџирање на менопаузалните симптоми.

Некои целосно гладуваа, некои носеа разни грицки и чипсови во чантите за да издржат до единствениот оброк. И што е можеби најважно, тие често доаѓаа со разни гинеколошки проблеми – нередовни циклуси, болни менструации, изразен ПМС, проблеми со кожата, хормонални дисбаланси, намалено либидо и слично.

Вистината е дека и јас бев една од нив. Заедно со моето гладување, јас се соочував со ужасни симптоми на ПМС. Моите денови беа исполнети со дефокусираност и промени во расположението, а ноќите со несоници, напнатост, препотувања. Преку ден многу лесно се впуштав во конфликтни разговори по дома, во сообраќајот… Симптомите како никогаш да не завршуваа, траеја барем 20 дена секој месец.

Всушност, тие станаа толку неподносливи што јас конечно решив да го раскинам договорот направен со самата себе во моите тинејџерски години.

Тогаш, јас се нурнав во светот на нутриционизмот. Истражував заедно со моите колеги од целиот свет, многу теории пробував на себе си комбинирајќи го нутриционизмот со медицинската наука.

Искрено, јас повеќе не трагав по совршена фигура или идеална телесна тежина – јас трагав по здравје! На мое изненадување, а подоцна и на радост на моите пациентки, двете нешта дојдоа заедно!

По 10-годишно експериментирање, учење и лично искуство, јас конечно комплетно се ослободив од симптомите на ПМС.

Се чувствував толку лесно преку ден, толку енергично и фокусирано.

И после толку време искусив непрекинат сон преку целата ноќ. За наутро да се разбудам со наполнети батерии.

Сето тоа беше супер, но еве каде се случи вистинската магија…

ЈАДЕВ КОГА САКАМ, КОЛКУ САКАМ! И ЛЕБ ЈАДЕВ КОЛКУ САКАМ! НО МОЕТО ТЕЛО НЕ СЕ ПОМРДНА ОД НЕГОВАТА ИДЕАЛНА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА!

Мислам дека најсреќни беа моите пациентки кога ја практикуваа програмата под мој стручен надзор. Се чинеше како голем товар да паѓаше од нивниот грб. Заедно ги решававме гинеколошките проблеми, а патем добивав слики од нивните „нови фигури“ со сѐ помалку и помалку килограми.

Зошто „ве отеков“ со оваа приказна? Затоа што сѐ уште добивам стотици прашања во инбокс за тоа како да се дојде до брзо спуштање на вишокот килограми.

Епа луѓе, како одговор на тие прашања напишав уште една книга. Бидејќи клучен збор во прашањата е брзо – со оваа книга сакам да ве фатам за рака и да ве „извозам“ низ една интензивна 28-дневна трансформација.

Сега слушнете вака, оваа програма цели на доаѓање до идеална телесна тежина БРЗО и МАКСИМАЛНО, но сепак БЕЗБЕДНО и БЕЗ НИКАКВИ НЕСАКАНИ ЕФЕЕКТИ на организмот. Програмата е спој на медицинската наука и нутриционизмот и содржи совети за тоа како да продолжите по завршување на истата!

И уште нешто! Го гледате ли дечкото кој мислеше дека ќе биде интересно да ме стави на рамо за сликата за насловна!? Токму него го замолив да напише совети за трансформација на нашето секојдневие заедно со нашето тело.

Тој тие совети ги претвори во приказни кои мене ми се видоа доста интересни. Додаде и лесни вежби за телото и умот. Искрено, тие вежби не се потребни за доаѓање на идеална телесна тежина, туку за да ја почувствувате неизмерната енергија и радост која ја поседувате!

Така овој „прирачник на 250 страници“ исполнет со совети, приказни, водичи, рецепти и вежби стана малку необичен. Го нарековме „КОЈ ТИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ МОЖЕШ!?“ со добра причина! Бидејќи можеш! И тоа како можеш! Кога и да се случи да се посомневаш во овој факт, овој прирачник е покрај тебе за да ти го докаже спротивното!, вели д-р Јадранка Бибан.

Примерок може да се резервира со порака во инбокс ЦЕНА: 600 ден. (+ карго).

Дел од средствата од секој купен примерок се наменети за организирање на бесплатни трибини и работилници кои ќе се одржуваат во текот на годината во различни градови, на тема:

„ЛЕКУВАЊЕ НА СОВРЕМЕНИТЕ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ И ИСТОВРЕМЕНО ДОСТИГНУВАЊЕ НА ИДЕАЛНАТА ТЕЛЕСНА ТЕЖИНА“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.