Италија слави, Софија Лорен наполни 90 години

8

Најпознатата италијанска глумица Софија Лорен на 20.09.2024 година го прослави својот 90 роденден, вест што ја пренесоа сите италијански и сите светски медиуми, и се прославуваше во нејзината родна земја.
Софија Лорен е родена на 20 септември 1934 година, во Рим. Нејзиниот татко бил инженер, а нејзината мајка учителка по пијано. Израснала во сиромашни услови, во градот Поцуоли, близу до Неапол, за време на Втората светска војна. На 15 години, таа заминала во Рим за да бара филмска улога, а со платата како модел за илустрирање романтични приказни го издржувала нејзиното семејство. Пред да го роди своето прво дете, Софија имала два спонтани абортуса, но подоцна, по сите компликации успеала да роди две деца во бракот со Карло Понти, кои се викале Карло Понти и Едуардо Понти. Со Карло Понти останала во брак до неговата смрт во 2007 година. Во една прилика, на прашањето, дали повторно би се омажила, таа одговорила: „Не, никогаш повеќе. Би било невозможно да сакам друг човек“.

Во 1982 година, Софија Лорен одлежала 18 дена во затворот во Италија, заради неплатени даноци.

Кариера

За неа може многу да се пишува но накусо е дека на почеток на својата кариера по малата филмска улога во филмот „Quo Vadis“, Софија во 1957 година го запознала продуцентот Карло Понти за кого се омажила на својот 23 роденден. Подоцна, таа морала да се разведе од него за да го спаси од обвинувањата за бигамија, со оглед на тоа што тој веќе бил оженет, но сепак останале љубовници.
Кога во 1962 година освоила Оскар за италијанската воена драма „Чочара“, таа станала прва глумица во историјата која го добила „Оскарот“ надвор од англиското говорно подрачје, за улогата на Грофицата од Хонгконг. Во 1967 година, таа глумела во последниот филм кој го режирал Чарли Чаплин.
Последниот филм во кој глумела Лорен (тогаш, на возраст од 80 години) бил „Девет“ од 2009 година.
Освен „Оскар“, Софија Лорен освоила и пет награди „Златен глобус“, четири пати за најпопуларна женска ѕвезда, а еднаш за животно дело во областа на филмот.
Во 1995 година, списанието „Емпајер“ ја нарекол најпривлечна ѕвезда во филмската историја.
Глумела во 200 филмови, како италијански така и во холивудски филмови. Глумела, работела и соработувала со многубројни холивудски легенди и глумци како: Чарли Чаплин, Кери Грант, Френк Синатра, Кларк Гејбл, Ентони Перкинс, Ентони Квин, Џон Гевин, Грегори Пек, Марлон Брандо, Питер О’Тул, Џон Касаветес, Сузан Сарандон, Лорин Бекол, Џуди Денч, Ким Бесинџер, Џулија Робертс, Пенелопе Круз, Никол Кидман и многи други. Глумеше во повеќе од десет филмови со Марчело Мастројани.
Дел од нејзината филмографија:
Леб, љубов и… (1955)
Започна во Неапол (1960)
Брак на италијански начин (1964)
Грофицата од Хонгконг (1976)
Висока мода
Девет (2009)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.