Почетна КУЛТУРА Литература Албанскиот книжевник Исмаил Кадаре замина во вечноста

Албанскиот книжевник Исмаил Кадаре замина во вечноста

На први јули 2024 година почина Исмаил Кадаре, славниот албански писател, поет, драматург, сценарист.

Роден на 28 јануари 1936 година, во Албанија, посетувал основни и средни училишта во Ѓирокастро. Студирал јазици и книжевност на Историско- филолошкиот факултет на Универзитетот во Тирана. Во 1956 година добива диплома за учител.

Станал жител на Франција во 1990 година, откако избегал од комунистичкиот режим во Албанија и неговата тајна полиција Сигурими.

И покрај тоа, неговите книги не беа целосно забранети таму и тој остана популарен и славен автор.

Во 1992 година, на Кадаре му беше доделена наградата „Cino Del Duca“; во 1998 година Хердер; во 2005 година инаугуративната меѓународна награда Мен Букер; во 2009 година, наградата за уметност на Принцот од Астурија; во 2015 година, наградата Ерусалим.

Исто така беше награден со наградата „Парк Кјонг-ни“ во 2019 година и со меѓународната награда за литература „Нојштад“ во 2020 година. Во 1996 година Франција му додели статус на странски соработник на Académie des Sciences Morales et Politiques, а во 2016 година беше добитник на Commandeur de la Légion d’Honneur.

15 пати бил номиниран за Нобелова награда за литература.

Неговите дела се објавени на 45 јазици. До 2020 година повеќето од неговите околу 80 романи, драми, сценарија, поезија, есеи и приказни, се преведени на различни јазици.

За него пишуваа дека е наследник на Франц Кафка, Гогољ, Орвел, Габриел Гарсија Маркез, Кундера, Балзак…

Во 2019 година, неговиот стан во Тирана беше претворен во музеј во кој се прикажани делото и животот на авторот.

(фото: observerkult.com)

metropolis-big