(На 20 ноември во 18 часот, како дел од MOT театарскиот фестивал )
Перформансот/презентацијата MOVING INSIDE OUT ќе биде изведена од Криста ДеНио и Искра Шукарова во КСП Центар- Јадро во Скопје на 20 ноември 2024 година, во 18 часот, како дел од MOT театарскиот фестивал .
Искра Шукарова како уметник е заинтересирана за односот меѓу телото и гласот, како и за наоѓање врски со природата и животните. Таа истражува нови начини на поврзување со публиката како дел од перформативниот процес. Шукарова е посебно привлечена од интердисциплинарните пристапи, каде што може да истражува медиуми кои се вкрстуваат како дел од процесот на истражување кој го споделува со заедницата, професионалците, како и со своите студенти.
Криста ДеНио (од Сан Франциско) работи со движење, звук и раскажување приказни. Низ перформансот таа ги истражува креативните и партиципативни искуства. Истражувачките и перформативните процеси ги вклучуваат просторите каде што се одвиваат сценарио и кореографија, како и импровизациски интеракции. Таа е заинтересирана за тоа како интердисциплинарната размена може да создаде нови видови искуства, наместо реплицирање на предвидливи перформанси.
Во перформансот MOVING INSIDE OUT, Криста и Искра заедно ќе го презентираат резултатот од нивното истражување во Скопје, овозможено преку резиденцијата поддржана од програмата Movement Research’s Global Practice Sharing [GPS] program, the International Interdisciplinary Artist Consortium, КСП Центар-Јадро и МОТ Фестивал во Скопје.
По перформансот ќе следува разговор со публиката, каде што ќе се разгледуваат теми поврзани со интердисциплинарните пристапи кои произлегуваат од телото како медиум за интерактивна размена.
Влезот е бесплатен, но бројот на места е ограничен.
За да си обезбедите место, испратете мејл на [email protected], со назнака MOVING INSIDE OUT.
Фотографии:
Хилари Гоидел
Ана Лазаревска