И плачот се умори од мене

И плачот се умори од мене

И очите ми откажаа од верното другарување

Рацете и нозете се сложија да ме напуштат

Сонот ме остави…

Шепотот од испуканите усни мрморат за прошка

Но која?!

Од кого?!

За кого?!

И јас не знам, но не знае и денот, мракот…

Залутав некаде по водите на сушите,

По сонцето на северот,

По бесконечноста на крајот,

Заиграв со музиката на тишината,

Стигнав и до љубовта на омразата,

Калабалак околу самотијата кружи да ме скрие од стравот на победата,

а насмевката, заледи по текот на солените капки кои го освежуваа ликот на еден жив, починат човек…

Не барај ме повеќе, и….

Не изговорај го моето име…

Останав само илузија од минатото кое живее во иднината

Биди поздравен животе мој мачен

Благодарам за сѐ…

 

Рамадан Рустемов

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.