Годишни награди на ДПМ за 2023 година- книги во полуфинале

За годишните награди на ДПМ за минатата, 2023 година, се пријавија вкупно 35 дела. Во согласност со Деловникот за работа на жири- комисиите за доделување на годишните награди на ДПМ, секој од членовите на жири- комисиите до ДПМ доставува бодовник, со кој поддржува пет наслови, со 5, 4, 3, 2 и 1 бод. На крај, верификациска комисија од

***

Управниот одбор на ДПМ го пресметува збирот на бодови.

За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело се пријавија четиринаесет дела, а во полуфиналниот круг влегуваат следниве седум наслови:

1. „Не кажувам“, роман од Петар Андоновски („Полица“)

2. „Мина“, роман од Игор Анѓелков („Или-или“)

3. „Во трка за животот“, роман од Петре Димовски („Дијалог“)

4. „Ако се родат некакви чувства“, роман од Блаже Миневски („Матица“)

5. „Заборав“, роман од Томислав Османли („ВиГ Зеница“)

6. „Сè уште можам нешто да сторам“, роман од Фросина Пармаковска („Или-или“)

7. „Вонземјанки“, збирка раскази од Влада Урошевиќ („Или-или“).

***

За наградата „Ацо Шопов“ за најдобра книга поезија беа пријавени седум дела, а во полуфиналниот круг, поради израмнет број бодови кај некои од конкурентите, влегуваат следниве шест наслови:

1. „Коњски житија“ од Зоран Анчевски („Арс ламина“)

2. „Ден-година“ од Тихомир Јанчовски (самиздат)

3. „Умоверзум“ од Фима Клетникова („Макавеј“)

4. „За сите времиња“ од Братислав Ташковски („ПНВ публикации“)

5. „На врв на јазикот“ од Катица Ќулавкова („Арс ламина“)

6. „Поинаков сон“ од Ивица Челиковиќ („Караманови средби“).

***

За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади беа пријавени шест дела. Поради малиот број конкуренти, тука вториот круг е воедно и финален, а во него влегуваат следниве три наслови:

1. „На крилјата на самовилското коњче“ од Александра Велинова („Едука Мак“)

2. „Рокчето“ од Никола Маџиров („Арс Ламина“)

3. „Земјата на заборавените сказни“ од Билјана Црвенковска („Чудна шума“).

***

За наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критика и есеистика беа пријавени осум дела. Во вториот, полуфинален круг, влегуваат следниве пет наслови:

1. „Просто и строго- Конески“ од Иван Антоновски („Матица“)

2. „Птици во аквариум“ од Лидија Капушевска-Дракулевска и Влада Урошевиќ („Полица“)

3. „Тажен и прекрасен свет“ од Дејан Трајковски („Прозарт“)

4. „Живот во ролни“ од Горан Тренчовски (самиздат)

5. „Два опита (Конески и Старделов)“ од Ивица Џепароски (Филозофски факултет).

Засега се познати финалистите само за наградата „Ванчо Николески“. Финалистите за трите други награди се планира да бидат објавени на 10 септември, по вториот круг гласање на жири- комисиите.

Во однос на наградата „Мост“ за најдобро дело објавено на некој од јазиците на националностите во Р. С. Македонија, рокот за достава на книги и на преводи до ДПМ е продолжен до 1 септември (недела).

Свеченото доделување на годишните награди на ДПМ за 2023 година, кои се доделуваат вонредно и надвор од вообичаената динамика, ќе се одржи на 18 септември (среда) 2024 година во главната сала на ДПМ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.