„Естер Ихаз“ од Оливера Доцевска, со промоција во Салон 19,19

Утревечер во Салон 19,19 на Културно-Информативен Центар – Скопје, ќе биде промовирана книгата “Естер Ихаз“ од Оливера Доцевска.

“Естер Ихаз“ е најновото дело од перото на Доцевска. Станува збор за лирско-епски жанр, односно; поема во која се посегнува по една универзална и општочовечка тема. Естер Ихаз е приказна за безвременската љубов на принцезата Естер Ихаз и воинот Зеид Арман, чии души се реинкарнираат и се бараат низ вековите, секогаш повторно се среќаваат, приказна за  љубовта која никогаш не завршува, нема свој крај во времето и секогаш е посилна од онаа што и претходно била: приказна за приказни вечни.рецензенти Марина Мијаковска и Паскал Гилевски, корица цртеж – Емилија и Стојче Тоциновски,фотографија – Биљана Јордановска, Цивил Медиа.

За авторот Оливера Доцевска: Родена е во Куманово, на 05.03.1975 година. Дипломирала на Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, во Скопје, на Правен факултет. Работи во Скопје, како адвокат, со специјалност човекови права.

Оливера Доцевска е поетеса/писателка ,адвокат, активист за човекови права, есеист, колумнист, приредувач и преведувач, уредник на нејзиниот портал за општество и култура budnost.mk. Од 2012 година е Член на Друштвото на писатели на Македонија – ДПМ , а од 2014- 2018 година e Претседател на статутарна комисија на ДПМ, член на Собраниски одбор на ДПМ. Таа е координатор и организатор на Поткозјачки литературни средби и Крик на жена Фестивал ( Woman Scream Festival of Poetry and Art).  Има објавено повеќе збирки поезија,објавени песни во зборници,антологии, како и голем број на преведени дела и автори а за својата работа и творештво добитник е на повеќе награди.

Промоцијата ќе започне во 19,19 часот а книгата ќе ја промовираат, др.Марина Мијаковска која воедно е и рецензент на книгата, мр.Татјана Гогоска автор и новинар и Валентина Ѓоргиевска-Парго, новинар.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.