ЕКСКЛУЗИВНО: Црногорскиот писател Миодраг Миња Милачиќ на Македонците им подари поезија за Александар Македонски!

247

Скопје 30.06.2024

Добитникот на признанието за животно дело “Македонски Феникси” кое го доделува Здружението Хуманитарно Културен “Феникс” и Лауреат на првиот интернационално традиционален поетски фестивал “Заедно за Скопје”, воедно и добитник на наградата “Златен Феникс”, црногорскиот писател Миодраг Миња Милачиќ , по повод роденденот на Александар Македонски, 22 јули, за свечената академија одржана на денот на роденденот на Александар Македонски во организацијата на Светски Македонски Конгрес на Македонија и Македонците им подари поезија “Александар Македонски” посветена на големиот Александар трети Македонски.
Поезијата, на академијата ја рецитираше и му упати благодарност во име на Македонија и Македонците, поетесата и претседателка на здружението Хуманитарно Културен ФЕНИКС м-р Билјана Челик која во уводното излагање кажа:
-Мене лично ме радува, а верувам и вас бидејќи мисијата и пораките на Александар Македонски и на Севишниот ги разбрал, доживеал примил и преточил во поезија, авторот на поезијата “Александар Македонски”- Миодраг Миња Милачиќ кој е од Црна Гора и во чии дамари нѐ тече македонската крв. Тоа е уште еден доказ за успешната мисијата на Александар Македонски за духовно обединување, моќта на самосвесноста и погледот на микро и макро космосот.
Миодраг Миња Милачиќ е посебен, вонвременски и од Бога одбран писател чија промоцијата на неговото дело по повод неговото триесет годишниот творештво кое ќе ги содржи сите негови дела-“Све моје осаме, сви моји Освити” на наша чест и задоволство ќе биде во Македонија, додаваат од “Феникс”.
Тој е автор кој твори од својата 16-та година и има издадено 14 збирки поезија и еден роман.

Поезијата Александар Македонски од авторот Миодраг Миња Милачиќ:


АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

Аманетот кој ни го даде дамнина, сѐ уште живее,
и, сите твои рамки кои се без крај.
Сите твои војни беа наша надеж,
оклопите од Теба до Троја се твои.

Владетелу на сите Персиски престоли.
Сину Македонски за своето сѐ даде.
Владетелу на светот од Рајот,
Твоите победи наша награда се.

Совршено се спои оваа земја со тебе,
Кралу над кралевите на твојот Вавилон.
Ќе живееш се додека ги има оние кои те паметат,

Оние, чие знаме со твоето копје зора ќе зори.
Река од твојата крв уште посилно тече во нас,
поврзани сме со Македонската лоза,
Го чуваме твоето дело кое сеуште изртува во нас.
Не дозволуваме Знамето да го дофатат, да ни го земат.

Денес сите прозори во бесконечноста се твои!
Ги слушаш ли како плачат македонските камбани?
Те славиме тебе, вечен бесмртен јунаку!
Македонското сонце повторно силно свети!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.