На 14 декември Државната опера од Варна во Националната опера и балет со операта „Пикова дама“ од П. И. Чајковски 

На 14 декември 2024 со почеток во 20.00 ч. на сцената на Националната опера и балет, љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња – „Пикова дама“ од П. И. Чајковскиво изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна. Гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста. Овој настан е можност да се почувствува силата на музиката и уметничката интерпретација во вистинската форма.

Диригент е Григор Паликароврежисер: Вера Немировасценограф и костимограф:Јулијан Табаков, кореограф:Анна Пампулова, а диригент на хорот: Теодора Георгиева.

 Настапуваат: Валериј ГеоргиевИрина ЖековаБојка ВасилеваПламен ДимитровИво Јорданов, Пламен Рајков,  Евгениј Станимиров Велин МихајловПетар Петров Владислав ВладимировМихаела БероваВјара ЖелезоваГалина ВеликоваЛилија Илиева во придружба на хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.

„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира  на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година, но со драматично изменет заплет. Операта е позната по својата драматична содржина, музика полна со емоции и длабока психолошка комплексност на ликовите. Ова дело ќе биде изведено од страна на врвните уметници од Државната опера од Варна, со што ќе се создаде спектакуларна вечер исполнета со магијата на операта.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.