Драмски театар ги откажа своите претстави на неодредено време, откако поради обилните врнежи протекол покривот на сцената .
„Ви соопштуваме дека вечерашната претстава „Мојот маж” се откажува. Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа.
И покрај нашите планови да ги вратиме на репертоарот претставите кои не беа изведувани поради кризата со пандемијата, и навистина големиот напор на актерите и вработените во Драмски театар во многу кратки рокови да ги вратат претставите на сцената, за жал техничкиот проблем не можеме да го санираме со сопствени сили. Се надеваме дека ова во еден догледен рок ќе се санира и ќе можеме да продолжиме со нашите предвидени активности“, соопштија од Драмски театар.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.