Дополнителни проекции на “Мими”

Психолошката драма МИМИ, вториот игран филм на Даријан Пејовски, предизвика голем интерес кај публиката.
Наталија Теодосиева како Мими
Затоа Кинотеката резервираше дополнителни три проекции на филмот во рамки на јануарската програма: МИМИ ќе биде прикажан на 18, 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот.
МИМИ по премиерата на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје забележа учество и на филмските фестивали во Пула, и Херцег Нови…

Игран филм, С. Македонија / Хрватска / Црна Гора

2002, 100 мин., колор, ДЦП

Режијa: Даријан Пејовски

Сценарио: Даријан Пејовски

Улоги: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ

МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите.

Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, и Херцег Нови.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.