“Дон Кихот” во Опера и балет ќе биде одиграна за хуманитарни цели

ДОН КИХОТ – Лудвиг Минкус
15.2.2023- 20 часот

Приходот од продадените билети за балетската претстава „Дон Кихот“ што ќе се одржи в среда (15.2.2023) ќе бидат донирани како помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
***
Волшебна приказна за ветерници, „совршената“ жена, вистинската љубов и сето она помеѓу. Балетско дело поставено на музиката на Минкус со експресивно темпо кое резултира со познатото „Дон Кихот па де де“, кој дава акцент на целата претстава.

Диригент: Иван Еминовиќ
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)

Во главните улоги настапуваат:
Китри: Христина Наќевска
Базил: Балаж Лочеи (Унгарија)
Еспадо: Бобан Ковачевски
Улична: Симона Колиштркоска

НАСТАПУВААТ СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ, ОРКЕСТАРОТ НА НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ И УЧЕНИЦИТЕ ОД БАЛЕТСКИОТ ОДДЕЛ НА ДМБУЦ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ“

Билети:

Билети:
Билетарница:078 426 536 ; 02 3118 451
Онлајн: www.operabalet.mk

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.