Битола, 27 јуни 2024
Програма на фестивалот во Ну Народен театар Битола
28.06.2024, 20:00 – “ЕДВАРД ВТОРИ”, НУЦК Јордан Х.К. Џинот – Велес, Македонија
29.06.2024, 20:00 – “ХАМЛЕТ – Денот на убиствата”, НУ Народен театар – Битола, Македонија
29.06.2024, 21:30 – “ЦЕЗАР”, Катс Шахне театар – Истанбул, Турција
30.06.2024, 20:00 – “ОТЕЛО”, ИмПерфект Денсерс Компани – Италија
01.07.2024, 20:00 – “БУРА”, НУЦК Марко Цепенков – Прилеп, Македонија
02.07.2024, 20:00 – “РОМЕО и ЈУЛИЈА”, Народен театар Тоша Јовановиќ – Зрењанин, Србија
Според познатиот цитат на англискиот писател Бен Џонсон, Шекспир е толку голем и значаен автор што неговите дела се доволни за повторно да го изградат светот. Џонсон го кажал ова во контекст на зборувањето за трајноста и универзалноста на Шекспировото дело. Според него, иако материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура.
Па затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата “Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на месечината. Ова беше дел од проектот “Moon Arts Ark”, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство.
Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е!!!
Визуелното решение за 10тиот по ред БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ кој ќе се одржи од 28.06 до 02.07.2024 година. Дизајнот е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на 15 јуни 2024, 22:54:18 часот.