Денес почнува МОТ-Млад Отворен Театар

Скопје, 18 ноември 2021
 
Денес почнува 46. издание на еден од најстарите театарски фестивали во регионов – Млад Отворен Театар!
Програма на 46. МОТ за 18.11.2021
 „Како крајот и да не е сосема блиску“ / Битеф Театар (СРБ)
 
 Фестивалот почнува вечерва во МНТ vo 20 часот со „Како крајот и да не е сосема блиску“ – екпериментална претстава на Битеф театар инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност, обидот за измислување некои нови облици на соживот и заедништвото на човекот и машината во најинтензивните времиња што досега сме ги искусиле. Публиката, составена од пет луѓе, ќе може да доживее виртуелно патување низ можните нови светови околу и во нас самите. Низ интерактивна игра на моменталното заедништво, кое се воспоставува во микроструктурата на театарскиот чин, на публиката ѝ се дава можност истовремено да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Користејќи ја виртуелната реалност, аудиовизуелните инсталации и текстот, односно гласот што повикува на учество, овој чин станува повик на барем и мала, незабележлива лична револуција. Rежија: Никола Зависиќ.
Претставата ќе има повеќе изведби од 18 до 21 ноември. Во следниве термини:
• 18.11. – од 20 и 22 
• 19.11. – од 14, 16, 18 и 20 часот.
• 20 – 21.11. – од 12, 14, 16, 18 и 20 часот.
Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.
Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.
Билетите изнесуваат 300 денари, истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.