Јануари, 2025
Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата со задоволство ви го најавува започнувањето на DanceMap, особено значајна иницијатива за развој, заштита и промоција на европското танцово наследство. Конзорциумот од европски организации, универзитети и институции кој ја започна иницијативата успеа да добие поддршка од програмата Horizon на Европската Унија за финансирање истражување и иновации, за првпат во областа на танцот, а и за првпат во областа на уметноста во Македонија.
DanceMap е пионерска иницијатива за наследство финансирана од Horizon Europe, програма на Европската Унија за истражување и иновации. Овој амбициозен проект, кој ќе трае три години, од јануари 2025 до декември 2027, е дел од истражувачкиот кластер „Култура, креативност и инклузивно општество“ и има за цел да развие меѓусекторска стратегија за заштита и промоција на богатото танцово наследство на Европа.
Координатор на иницијативата е Bureau Ritter, која е составена од конзорциум од шеснаесет истражувачки центри, универзитети, танцови архиви, уметнички организации и експерти за политики од десет земји. Заедно, тие работат на создавање на „нацрти“ или „патокази“ за ефективни и одржливи политики за европското танцово наследство, употребувајќи интегриран пристап што вклучува емпириско истражување, статистички податоци, истражување на уметнички практики, теориски прегледи, архивирање, комуникација и информирање на јавноста, застапување и креирање на политики. Конзорциумот верува дека ќе оформи пристап кој е пренослив и ќе може да служи како модел за понатамошни истражувања, градење на архиви, теориска надградба, односнио градење на танцово културно наследство и заштита на оваа уметничка форма и други кои се поврзани со практики на тело и форми на нематеријално културно наследство.
Во следните три години, DanceMap ќе:
Истражува и мапира и ќе ја зголеми видливоста на постојните иницијативи за танцово наследство низ Европа, создавајќи сеопфатен директориум на архиви, колекции и бази на знаења.
Развие интерактивна дигитална платформа што ќе вклучува дигитален простор за работа на истражувачите и куриран веб сајт наменет за јавноста. Платформата ќе понуди уникатен увид во разновидноста и богатството на европското танцово наследство, правејќи го достапно и привлечно за глобалната јавност.
Унапредува холистички, уметнички воден пристап базиран на истражувања и теориску промислувања, кон заштитата на нематеријалното културно наследство, комбинирајќи дигитални алатки со методи базирани на практики. Застапува за зајакнување на јавните политики кои го признаваат и поддржуваат зачувувањето и промоцијата на танцовото наследство на локално, национално и европско ниво.
DanceMap концорциумот покрај Локомотива-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Скопје, Северна Македонија) е составен од координаторот на проектот Bureau Ritter/ Биро Ритер (Берлин, Германија) и: C DaRE (Центар за истражување на танцот) при Универзитетот Ковентри (Ковентри, Обединето Кралство), University of Antwerp/Унивезитетот на Антверпен (Антверпен, Белгија), Motion Bank истражувачката група при University of Applied Sciences Mainz/Универзитетот на применети науки во Мајнц (Мајнц, Германија), Deutsches Tanzarchiv Köln/Германска Танцархива Келн (Келн, Германија), STUK House for Dance, Image and Sound/ СТУК Центар за танц, слика и звук (Левен, Белгија), Culturgest/ Културжест (Лисабон, Португалија), Noa Eshkol Foundation/ Ноа Ешкол фондација (Тел Авив, Израел), Station Centre for Contemporary Dance/ Станица Центар за современ танц (Белград, Србија), Nomad Dance Academy Slovenia/ Номад Танц Академија Словенија (Љубљана, Словенија), Nomad Dance Academy Croatia/ Номад Танц Академија Хрватска (Загреб, Хрватска), Brain Store Project/ Брејн Сторе проект (Софија, Бугарија), Rosas/ Росас (Брисел, Белгија), Culture Concepts/ Културни концепти (Берлин, Германија), Goethe-Institut / Гете Институт– партнер за соработка (Германија).