Август 2024, Скопје
(Промоцијата на “Процвет” од Цветанка Невчева, ја водеше поетот Горан Анчевски нашиот голем хуманист и уметник Живко Поповски- Цветин ѝ додели Цветинова награда за мир, за неа и за нејзиниот син Јордан Невчев, како најмал добитник на наградата)
Промоција на “Процвет” од Цветанка Невчева, книга добитничка на наградата – “Душата на чаршијата”, за најдобра поетска книга од издавачката куќа – Дата песнопој од Битола, се одржа во Скопје, во рамкие на тридневнатото потпишување на Цветиновата декларација за мир (6-9 август 2024).
Поетот и член на Друштвото на писателите на Македонија, Горан Анчевски, направи неформална, кратка ама суштински, одлична промоција на “Процвет”, пред Спомен куќата на Мајка Тереза, на улица Македонија, на 08.08.2024 година.
За време на промоцијата на оваа поетска книга на поетесата Цветанка Невчева ѝ беше доделена и Цветинова награда за МИР, од страна на познатиот хуманист и уметник Живко Поповски- Цветин. А на нејзиниот 8 месечен син, Јордан Невчев, кој што е најмалиот потписник на Декларацијата за мир исто така му беше доделена Цветинова награда за мир, со аманет од Цветин и во наредните 100 години да ја продолжи мисијата за мир!
Анчевски изјави за “Процвет”:
– Ова првороденче ме плени со искрени и топли стихови и иако е прва книга на Цветанка Невчева, нејзината поезија оддава впечаток дека се работи за зрел автор. Во книгата има еден чудесен спој на поетски длабоки мисли и возвишени чувства. Многу емотивна, стиховите се искрени, топли, според мене содржи сѐ што треба да има во една поезија која плени и која е достојна за прочит и почит. Поетесата е мајка на своите песни, а ѝ посакувам да биде мајка и на уште многу поетски творби, поетски новороденчиња и да нѐ собира вака заедно.”Процвет” и Цветиновата награда за мир нека бидат симбол за ширење на љубов и мир кај нас и во светот, рекоа Анчевски, но и Цветин.