На кино репертоарот во кино Милениум од вчера, 23 ноември (четврток) започнува со прикажување мега популарниот филм „Чуварите на формулата” на Драган Бјелогрлиќ со проекции од 20.30 часот.
Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна кога група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.
Македонски ко-продуцент на филмот е Скопје Филм Студио.
Картите по цена од 200 денари може да се купат на билетарницата на кино Милениум или на онлајн линкот www.bileti.mkc.mk.
ЧУВАРИTE НА ФОРМУЛАТА на Драган Бјелогрлиќ во кино Милениум
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.