Велес, април, 2024 година
“Човекот без сенка” е нова книга од Ѓоре Ѓелев, објавена и промовирана неодамна. Промоцијата беше одржана во локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Промотор беше д-р Игор Радев, збор земаа и директорката на библотеката Снежана Бошевска и претседателката на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ Лили Арсова, како и илустраторката Славица Купенкова. Зборуваа и дел од присутните. Имаше голем број на посетители, некои допатуваа од Скопје, Битола, Прилеп.
Со своја музичка точка Мила Јорданов од Музичко Стефан Гајдов Велес ја збогати програмата. Извадоци од расказите читаа учениците Бојана Најдова, Марија Бошевска, Ана Бошкова и Ања Трајковска, со музичка подлога која ја изведоа Михаил Петковски и Кристина Станишева.
Ѓоре Ѓелев е македонски писател, роден 25 октомври 1983 година во Велес. Пишува поезија, раскази и сценарија за стрипови.
Основно образование завршува во ООУ „Трајко Андреев“ во Велес, а потоа се запишува во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес. По завршување на средното образование студира на Природно- математичкиот факултет во Скопје на Институтот по Информатика. Дипломирал во 2007 и се здобил со титула „Инженер по системски софтвер“. Моментално живее и работи во Скопје. Работи во индустријата за развој на софтвер. Активен член е на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во Велес. Наградуван е на неколку литературни конкурси за песни и раскази, како и на натпревари по кинеска калиграфија.
Негови песни и раскази се дел од повеќе заеднички збирки и списанија. Учествувал на бројни поетски и литературни настани низ Македонија, меѓу кои:
„Рацинови средби“- Велес
„Лирски треперења“- Крива Паланка
„Кавадаречко културно лето“- Кавадарци
„Велешка поетска вечер“– Велес
Учествувал на повеќе групни стрип изложби во Македонија и надвор од неа.
„Сомборски стрип фестивал“- Сомбор, Србија
„Современи македонски стрип автори“- Ѓаково, Србија
„Интернацинален стрип фестивал“- Велес, Македонија
Творештво
уреди
Автор е на следните стихозбирки
„Лиричност од Шекспирова“ (2020)
„Тежината на вториот чекор“ (2022)