Четврти ден на Синедејс 2024

14 јули 2024

 

На четвртиот ден од овогодинешниот 23.CINEDAYS ќе ги погледнеме следниве филмови:

20:30 „ Dormitory режија“ Нехир Туна (SEE) МКЦ Парк

Дебито на турскиот реисер Нехир Туна покажува две страни на лошо образование, и тоа раскажано со огромна сила.

20:00 „Kozara“- 124’ режија Вељко Булајиќ Кинотека внатре

Еден куп југословенски филмски легенди на едно место. Култниот филм „Козара“ како потсетување на големиот мајстор на спектаклот, Вељко Булајиќ.

19:30 „Caught by the Tides“ Zhangke Jie режија (G) Кино Фросина

Мајсторски поетски и пионерски спој на старото и новото, соочувајќи се со романтиката и животната борба во саканата, тешка Кина.

21:30 „Not- being“ Omnibus

(MK Short) Кино Фросина

Омнибус од четири кратки анимирани филмови инспирирани од четири песни од македонскиот поет Ацо Шопов: Долго доаѓање на огнот, Небиднина, Во сонот на црната жена и Грозомор.

21:30 „Schirkoa: In Lies we trust“ режија Ишан Шукла (OC) Кино Фросина

Анимирана дистописка научна фантастика, која ги комбинира основните елементи на поджанрот со источната духовност, што резултира со малку збркано, но несомнено импресивно деби за индискиот режисер Ишан Шукла.

21:30 „A nice jewish boy“ режија Ное Дебре (OC) Кинотека надвор

По реакциите во Франција за случувањата во Палестина, филмот мораше да ја одложи својата премиера поради опасност од антисемитизмот. Инаку филмот е урнебесна и потресна приказна за влегувањето во зрелоста и сите обврски што доаѓаат со неа.

Билетите за CINEDAYS ќе бидат по цена од 250 денари, за сите филмови.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.