Во организација на Институтот Гете во Скопје, од денеска до 20 април во Кинотеката ќе се одржува осмиот Детски фестивал за слика и филм „Буф“.
Ќе бидат прикажани пет германски филмови за деца и млади: „Џим Копче и Лукас машиновозачот“;„Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“; „Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката“; „Венди 2 – пријателство засекогаш“ и „Помош, ги смалив родителите“. Проекциите се со превод на македонски и на албански јазик од 12 часот.
Како и претходните години, и оваа година изгледавме многу филмови за да можеме да ви ги прикажеме најдобрите и најактуелните. Се надеваме дека за секого ќе има по нешто возбудливо, емоционално, поучно и забавно, соопштија организаторите на осмиот „Буф“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.