Скопје 7 јули 2024
Изминатава недела Кинотеката на РС Македонија доби нов в.д. директор- Бошко Грујоски, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ.
Грујоски повеќе од 15 години е дел од тимот на Кинотеката, и веќе бил на директорската позиција претходно, во периодот во 2016 и 2017 година. На менаџерската позиција доаѓа од Одделението за истражувачка, издавачка, библиотечна, меѓународна и јавна дејност и филмска програма на Кинотеката.
Во периодот кога Грујоски беше активен директор на Кинотеката, меѓудругото, беше извршена дигитална реставрации на играните филмови на режисерот Бранко Гапо, потоа реализиран меѓународниот проект European Film Gateway во соработка со Европската асоцијација на кинотеки, а беа завршени и двата последни документарни филмови од серијалот „Сведоци“ како резултат на научно-стражувачкиот проект заеднички реализиран со Институтот за национална историја и МРТВ.