“Бизнисот на задоволството” се прикажува во киносалите низ Македонија

23.09.2024

– Секој ден на репертоарот на Cineplexx MK во Скопје.
-Утре, вторник 24 септември: Струга 19 часот во Домот на културата, Штип и Велес 20 часот во Kinoverzum Movie Theaters- Киноверзум кино;
-среда 25 септември Струга 19 часот, Домот на културата и Киноверзум во Скопје 20 часот.
-Четврток 26 септември- Мис Стон Прилеп 19.30 часот.
– Сабота 28 септември Кратово, времето на прикажување сѐ уште не е потврдено.
За другите градови, ќе информираат дополнително. Можете да ги следите на фејсбук-страницата на „Бизнисот на задоволството“.

***

„Бизнисот на задоволството“ на 19 септември 2024 година почна да се прикажува во кината низ целата држава, официјално со премиерата во Синеплекс.
Македонската кинопремиера беше во „Синеплекс“, каде присуствуваше целата екипа и бројни обожаватели филмофили.
Од оваа недела ќе се прикажува и во киното „Киноверзум“ во Кисела Вода.
Филмот е мошне возбудлив.
Спаѓа во жанрот политичкиот трилер. Зад него како сценарист и на режисерот се потпишува Гоце Цветановски.
Филмот веќе заобиколи пет континенти, се закити со 32 селекции и доби 10 награди, од кои пет за најдобар филм.
Трилерот на Цветановски ја следи приказната на млада новинарка, која е опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка. Подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините помагачи се приближуваат до шефот на бандата, ситуацијата излегува од контрола…
Улогите ги толкуваат Слаѓана Вујошевиќ, Муса Исуфи, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.
Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.
(Фотографии од атмосферата на премиерата во Синеплекс)


куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.