Ален Делон замина во легендите

18

На 18 август 2024 година Франција го изгуби својот најпознат актер Ален Делон.

Роден е на 8 ноември 1935 година како Ален Фабјен Морис Марсел Делон. Тој е најславниот француски глумец, добитник на наградата Цезар за најдобар глумец во 1985 година.

Живееше во Шен- Бугери, Швајцарија (од 1999)

Беше сопружник на Натали Делон (1964- 1968)

Партнер на Роми Шнајдер (1958- 1963) за која велат му била најголемата љубов, Миерил Дарк (1968-1982), Розали ван Бремен (1987-2002).

Татко на три деца- Антони Делон, Анушка Делон и на Ален- Фабјен Делон.

Појавувајќи се во филм во 1957 година, тој наскоро станал еден од најатрактивните млади француски глумци. Тој ја играл првата голема улога во филмот за криминал “Во зенитот на сонцето” во режија на Рене Клеман, врз основа на романот на Патриција Хајтсмит. Улогата на Роко во филмот “Роко и неговите браќа” на Лукино Висконти од 1960 година го направила светски познат глумец.

Глумел во споредна улога во филмот Жолт Ролс- Ројс, каде го глумел Стефан љубовникот на Ширли Маклејн.

Негови најпознати филмови:

– Purple Noon (1960)

– Rocco and His Brothers (1960)

– L’Eclisse (1962)

– The Leopard (1963)

– Le Samouraï (1967)

– La Piscine (1969)

– Le Cercle Rouge (1970)

– Monsieur Klein (1976)

Во 1968 година, тој бил осомничен за убиство на неговиот телохранител Стеван Марковиќ, пронајден во контејнер пред куќата на Ален Делон во Париз.

Исто така, остана запамтен и по дуетот со Далида и нивната песна Paroles, paroles.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.