Актерот Славиша Кајевски замина во вечноста

Од Македонски народен театар
со огромно жалење и неверување ја известуваат јавноста дека актерот Славиша Кајевски (1982- 2021) трагично го загуби својот живот.

Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2010 година беше  актер во Македонски народен театар – Скопје.
Беше Клег во „Бесачи”, Ленокс во „Макбет”, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб”, Миле Прлиќ од „Ничија земја”, Императорот во „Авантурите на Аладин”, Еснафот во „Силјан штркот шанца”, Таткото во „Соларис”, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен”, „Тероризам”, Агамемнон и Еврипид во „Електра”, Таткото Тил во „Сината птица”, Озрик и Цар Едип во „Аферата Елсинор”, Готфрид Најцзекер во „Вечната куќа”, Грен во „Подемот и падот на кабарето”, „Декамерон”, „Животот е сон”, Јован и Анѓеле во „Парите се отепувачка”, Корубин во „Свадбата на Фигаро”, Тибалт во „Ромео и Џулиета”, „Бесови”, „Немој ти мене Фауст”, „Троил и Кресида”, „Суд”, „Лет во три глави”, Рака во „Госпоѓа Министерка”, Џими во „Вејка на ветрот”, Гласникот во „Мара/САД”, Маро Мароев во „Дундо Марое”, Морис во „Дракула”…
Глумеше Фантом во филмот „Хомо “, Енди Гомез во „Baaghi”, Сурла во филмот „Еј”, Пики во „Црвената соба”, Павел Киров во „Последните Македонци”, Гласот во „Скопје Ремиксд”, Малиот во „Ова не е американски филм”, Јане во „Некои поинакви приказни”, Павел во „Превртено”, Војникот во „Караула”, Момчето со маска во „Бал-кан-кан” и друго.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.