48. МОТ 2023: “Браќа Карамазови” на Оливер Фрлиќ

Среќните и несреќните семејства на Толстој низ призмата на суровиот реализам на Достоевски, е дело кое е како порачано за наградуваниот режисер Оливер Фрљиќ.
По девет години тој се враќа на сцената на ЗКМ во Загреб, и ја прави оваа современа обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски. Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат. Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.
1 дел: Сите среќни семејства се среќни на ист начин
2. дел: Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин

Играат:
Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адриан Пездирц, Јерко Марчиќ, Линда Бегоња, Катарина Бистровиќ Дарваш, Данијел Лјубоја, Матео Видек, Милица Манојловиќ, Миливој Беадер, Иван Пашалиќ, Хрвојка Беговиќ, Петра Свртан, Рок Јуричиќ
Драматургија: Нина Гојиќ
Сценографија: Игор Паушка
Костимографија: Здравка Ивандија Киригин
Сценски движења: Дина Екштајн
Музички избор: Оливер Фрљиќ
Дизајн на светло: Марино Франкола
Асистент на режија: Александар Швабиќ
Асистент на драматургија и сценски движења: Ана Јаворан
Асистент на драматургија: Карла Месек, Антонела Тошиќ
Асистент на костимографија: Тина Спахија, Реа Јањиќ
Инспициент: Дина Екштајн
Претставата се игра на сцената на НОБ, и првиот дел започнува во 19 часот, а вториот во 22 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.