Оваа година темата е проширена и покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, во конкуренција ќе влезат и раскази што може да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и предрасудите, антивоени раскази, раскази за соочување со минатото…
Расказите како и секоја година може да бидат напишани на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или на српски јазик. Повикот се однесува на афирмирани авторки и автори, како и на оние кои досега немаат објавувано.
Покрај трите наградени ќе бидат избрани дваесетина дела кои ќе бидат објавени во повеќејазичен Зборник.
Во жирито се Лејла Каламујиќ, Румена Бужаровска и Шкељзен Малиќи. Конкурсот го организира тимот на Бибер со Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград. Повеќе информации за условите на конкурсот и наградите Нивната а ќе биде објавена до крајот на октомври 2019 година.се објавени на страницата на Бибер http://biber.nenasilje.org , а наградите ќе бидат објавени во октомври 2019-та година.