Награда за најдобро сценарио за филмот “Господ постои името и е Петрунија“ во Казахстан

Сценаристките на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска, ја добија наградата за најдобро сценарио на 15. филмски фестивал Евроазија во Казахстан.

“Петрунија“ за половина година доби шест награди и ќе биде дистрибуиран во над 35 земји низ светот, во текот на месецов ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и негова кинодистрибуција во Кина.  Од продукцијата „Сестри и брат Митевски“ велат дека како дел од турнејата, филмот овој месец беше прикажан на фестивал во Ерменија, а следни станици му се Пула, Мотовун и Нов Зеланд. На 20 јули ќе го затвори Филмскиот фестивал во Одеса, Украина.

Во моментов, веќе 12. недела, се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија, а досега е прикажан и на триесетина фестивали“ стои во соопштението  од продукцијата.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.