Вчеравечер во Кинотеката на Македонија, на свечен начин со прогласување на добитниците на „Златен був“ заврши 9. Филозофски Филмски Фестивал.
Со наградата „Златен був“ се здобија „Крадци на гулаби“ ,која му припадна на младиот турски режисер Осман Наил Доган, како и бугарскиот омнибус филм од 6 режисери „8 минути и 19 секунди“, работен по расказите и во ко-сценарио на Георги Господинов.
Жирито го сочинуваа познатиот македонски режисер – Милчо Манчевски, професорот по филмски студии од Универзитетот во Единбург и стручњак во областа на филм-философијата – Дејвид Сорфа и професорот по филозофија и научен истражувач – Бошко Караџов.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.