Филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, е современ македонски филм,чија прмиера ја имаше во 2015 та година а во него се третира темата на депортацијата на Евреите. Филмот е приказ на тежок период во историјата на Европа . Покрај содржината на филмот и пораката која тој ја носи, публиката низ Европа беше импресионирана од играта и квалитетот на екипата актери, напорите за веродостојност при користењето на ладино – јазикот на сефарадите, и од одличната режија на Дарко Митревски.
За нас Македонците ова е филмско дело, во кое покрај темата за Евреите се задира во една од најболните точки во македонско-бугарските односи кои не само што не стивнуваат, туку напротив Бугарите со најнедостојни барања кон МАКЕДОНСКИОТ НАРОД , ЈАЗИК,КУЛТУРА И ИДЕНТИТЕТ, како од она време на Втората светска војна но и пред тоа ги отворија своите аспирации кон се што е македонско.
Не ми е јасно зошто не им е доволна таа нивна бугарска историја (на доаѓањето на Татарите на Балканот од кои во сплотување со словенското население се создале како етнкум-Бугари) не им е доволен бугарскиот јазик , не им е доволна бугарската култура ,па секогаш одново и одново посегнуваат по МАКЕДОНСКАТА самобитност.
Многу полувремиња изиграа во разни форми на борба за зачувавање на самобитноста ,нашите предци. Првата, втората светска војна, студената војна, разни срамни договори како и тежок живот на оние Македонци кои се делбите на Македонија останаа во рамките на Бугарија, Грција па и Албанија.
И да, им пречи Југославија и Македонското национално самобитисување во рамки на СФРЈ како посебна држава, македонска нација, македонски јазик (признат од 1974 во ООН) ,плодна македонска култура во која се вткаени македонски дејци од разни векови ,кои своите културни,уметнички и научни дела ги дале токму во неа, во Македонија и нејзината самобитност.
И ако за многумина не беше спорно , што е непримерно, менувањето на името ,менување на имињата на институциите како на пример Македонски народен театар во Македонски Театар на С. Македонија, а за неговото основање со колква радост го чекале актерите и режисерите кои вложувале со децеии да се оформи, или случајот со Македонска филхармонија,после 75 години како Македонска сега е Филхармонија на С.Македонија…. Ги праша ли некој заслужните за овие институции и многу други дали треба, дали е во ред? Не!
И ако го ставиме сето ова на куп, идентитетската опасност за се што е македонско е со најголема јачина вперена кон нас, се разбира помогнато од внатерешните во историјата познати како предавници. Единствено што преостанува македонскиот народ да го игра Четвртото полувреме за опстојување на неговата самобитност, култура историја и идентитет.
А вреди и ќе мора!
М-р Татјана Гогоска